Издадените дозволи за движење продолжуваат да важат, процедурата за нови останува иста

Министерството за информатичко општество и администрација информира дека претходно издадените дозволи за движење кои се назначени како трајни, продолжуваат да важат и за време на викендот, односно од 5-ти заклучно до 7-ми јуни. За останатите, продолжуваат да важат истите процедури за добивање на дозвола.
Како што се наведува во соопштението, до категорија на дозволи кои ги издава МИОА се опфатени: претставници на институции со одлука на Кризниот штаб на Владата, дежурни медиумски работници кои имаат потреба од работа на терен, вработени во мали пекари/бурекџилници (најмногу до 5 вработени) со документ како доказ дека станува збор за микро претпријатие.
Во оваа категорија опфатени се и дежурни вработени во погребални претпријатија, одредени категории на земјоделци, по одлука на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, регистрирани одгледувачи на животни во Кинолошки сојуз и ловочувари во регистрирани здруженија, ЈП, национални паркови.
МИОА наведува дека сите дозволи што ги обезбедува се достапни преку порталот „uslugi.gov.mk“.
-Барањето за дозвола за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурегџилници, погребални претпријатија, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени. Барањето за дозвола за движење за лицата кои се грижат за трето лице, го поднесува лицето кое ја врши негата, соопшти Министерството.
МИОА, како што посочува, не дава дозволи за движење на приватни фирми.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
