Издадени нови 729 потврди за признавање право на азил
Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 729 странски државјани, од кои 327 се од машки пол, 138 се од женски, 263 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и еднодеца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 360,Авганистан 319 и Ирак 50.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 17.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 31.629 странски државјани, од кои 13.351 се од машки пол, 6.790се од женски, 11.387 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 15.212, Авганистан 10.518и Ирак 5.896.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 17.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 17.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се пет барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 17.01.2016 година евидентирани се вкупно 11 баратели на азил од кои осум мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, девет баратели на азил (еден маж, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и четири малолетни лица без придружба на старател) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО