Издадени 68.784 потврди на мигранти со намера за барање азил
Уште 1.830 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил се издадени на странски државјани од осум часот вчера изутрина до осум часот изутрина. Таков документ од 19 јуни годинава досега е издаден на 68.784 странски државјани, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, во изминатото деноноќие до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Досега се поднесени 49 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Триесет и шест барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од кои четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар