Издадени 616 потврди за поднесување барање за право на азил

Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 616 странски државјани, од кои 249 од машки и 146 од женски пол, како и на 221 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, соопшти денеска МВР, потврди се издадени на 393 државјани на Сирија и на 223 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 23.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 86.462 странски државјани, од кои 34.328 се од машки пол, 18.842 се од женски и 33.084 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 208 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 42.162, Авганистан 26.546 и Ирак 17.751.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 23.02.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 21 лицe (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 23.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 23.02.2016 година евидентирани се вкупно триесет и шест барател на азил од кои дваесет и седум мажи, три жени, пет деца со придружба на старател и едно малолетно лице без придружба. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, шест малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
-

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
-

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
-

Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
