Издаден налог за чистење на таложникот во млекарата која испушта течност во Брегалница кај Делчево

Општинскиот инспектор денеска изврши увид во врска со вчерашното испуштање бела течност во водите на река Брегалница и издаде налог, со кој на производствениот капацитет – Млекара и се наложува да го исчистат сопствениот таложник веднаш.
-На ден 9 јануари 2020 година (денеска) извршен е вонреден инспекциски надзор при што е наложено таложникот да биде исчистен, притоа е побарано за случајот да биде ангажирана стручна фирма, која ќе го исчисти таложникот веднаш. Освен тоа, на одговорните во Млекара Млечна индустрија Скопје со седиште во Делчево им е укажано дека таложникот треба да се чисти најдоцна по три месеци повторно, истакнаа од општинскиот инспекторатот за животна средина во Делчево.
Како што додаваат од инспекторатот за Животна средина во Делчево чистење на таложникот во млекарата е побарано и пред три месеци.
-Пред околу три месеци од млекарата беа задолжени да го исчистат таложникот и тие тоа го направија. Но поради водата која периодично се додава според наши констатации дошло до прелевање и повторно е забележана слична состојба, велат од инспекторатот за животна средина во Делчево.
Надлежните дополнија дека Млекара Млечна индустрија Скопје, која има свој капацитет во Делчево, согласно законот за заштита на животната средина и уредбата за дејности и активности со која се бави и занимава, има изготвено елаборат за заштита на животната средина и располага со два таложника за испуштање на одводните води. Сепак, во одредени периоди се констатирани неправилности на кои како тело надлежно за животна средина веднаш се укажува на пропустите во работењето.
Ново на Сител
-

Уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена
-

Сотир Лукровски: Само оние кои не ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал, се враќам со нова енергија
-

Иран контра Трамп: Нема средба со американските претставници во Доха, туку само со катарски
-

СП 2026: Мексико осминафиналист
-

Macedonian Open 2026: Шест македонски тенисери во првото коло
-

Народна банка: Употребата на дигитално плаќање на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година
-

Во мај за 9,1 проценти зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжи со презентација на докази за ДПИ
