Македонија
4. April 2019 - 14:44

Избувна пожар во семејна куќа во Тетово

Во семејна куќа во Тетово избувна пожар, екипите веднаш излегле на терен и го локализирале пожарот. Како што стои во билтенот на МВР, вчера  околу 13:45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Радован Цониќ“ во Тетово настанал пожар на поткровјето од куќа сопственост на Н.А.(66) од село Горно Орашје. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.