Избрани учесниците на овогодинешниот фестивал Литературни Искри 2016

По оценувањето на пристигнатите ракописи на конкурсот на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни Искри“, кој годинава се одржува по трет пат, жири комисијата ги објави авторите што влегуваат во конкуренција за награди и учество на фестивалот.
Од организаторот на оваа манифестација НУЦК „АСНОМ“ - Гостивар, информираа дека жирито во состав Бранко Цветкоски, претседател, Габриела Петроска, член и Адем Абдулаху, член, ги оценило 125-те пристигнати ракописи во предвидениот рок на конкурсот.
- Жирито констатира дека одѕивот оваа година е масовен и со поетскиот квалитет на очекуваното рамниште. При тоа го направи потесниот избор од конкурентите со вистинска поетска зрелост, естетска уверливост, поетичка инвентивност и свежина на поетската постапка која ќе претставува значаен влог во развојот на македонската и балканската поезија, се наведува во соопштението на организациониот одбор, кое вчера беше испратено.
Во конкуренцијата за наградите: ГРАН ПРИ, Прва Награда, Втора Награда, Трета награда, Најдобра млада искра, Најдобар странски автор на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни Искри“ и автори кои ќе се претстават на свеченото отворање на фестивалот се: Исток Улчар од Скопје, Наташа Василевска Трајчевска од Струмица, Митре Мангоски Радождански од Охрид, Катја Вангелова од бугарскиот град Варна, Невриј Адеми од Гостивар, Надица Тренчева од Кавадарци, Слаѓана Ставрева од Скопје, Вања Савова од Бургас, Константин Карев од Гевгелија, Ивана Китаноска од Гостивар, Валентина Трајковска од Охрид, Маријана Давиткова од Кочани, Митко Гогов од Струмица и Пламен Димитров од бугарскиот град Пазарџик.
Свеченото отворање на Фестивалот е во сабота 21-ти мај. Наградите ќе бидат соопштени и доделени на 22-ти мај во просториите на НУЦК „АСНОМ“ во Гостивар. Останатите, од селекцијата на жирито ќе бидат застапени во алманахот „Литературни искри“ 2016.
Фестивалот се одржува трета година по ред.
Ново на Сител
-

Собранието избира министер без ресор, Мицкоски порача дека институциите се отворени за сите со знаење и подготвеност за одговорност
-

УХМР: За викендот стабилно време, во понеделник повторно дожд
-

Муцунски: Охрид нема да биде ставен на листата на културни наследства во опасност, ова е значаен дипломатски успех на државата
-

Пијан и без возачка дозвола излетал од пат кај Кочани, едно лице тешко повредено
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода, прифатена гаранција од над 1,15 милион евра
-

Охрид го задржа статусот на светско културно наследство, УНЕСКО даде нов рок за спроведување на препораките
-

Зошто младите луѓе низ целиот свет имаат тешкотии да ја добијат својата прва плата?
-

Вашингтон воведува нови царински маржи за 60 држави, реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд
