-->
-->
Избрани најдобрите три идејни решенија за уредување на Кривопаланечкиот грaдски плоштад
-->
Локалната самопурава на општина Крива Паланка изврши избор на најдобрите три идејни решенија кои пристигнаа на конкурсот за идејно-архитектонско решение за уредување и реконструкција на централниот градски плоштад „ВМРО“.
Конкурсот за изработка на идејно архитектонско – урбанистичко решение за уредување на јавен градски простор со сите елементи беше распишан пред повеќе од еден месец. На него пристигнаа четири идејни решенија под соодветни шифри.
- Комисијата составена од архитекти и градежни инженери одлучи првата награда да биде доделена на идејното решение со шифра СИД-16, втората на идејното решение со шифра 111 и трета награда на шифра Паланка 2017. Врз основа на идејните решенија ќе се распише јавна набавка за изработка на основен проект за изградба на плоштадот „ВМРО“, информира градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Дел од критериумите за одредување најдобро рангиран учесник-проектант беа оригиналност и репрезентативност на концептот, креативност и инвентивност во пристапот на обликување како и современ третман на просторот, но и економичност на решението кое ќе му даде белег и препознатливост на градот.
Најдобрите три решенија ќе добијат награди во висина од 60.000, 40.000 односно 20.000 денари.
Алексовски рече дека ќе следи изготвување основен проект, кој во иднина етапно ќе се реализира со што ќе се направи реконструирање на ликот на централното градско подрачје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ја заклучил и тепал поранешната партнерка, си ги пресекла вените да се спаси а тој продолжил да ја тепа
-
Почина новинарот и публицист Теофил Панчиќ
-
Стабилно време со студени утра и во наредните денови
-
„Нашите планови ги срушија за миг“, емотивен текст на момчето на Фросина
-
57-годишен маж од кочанско загина во сообраќајка
-
Генерално чистење во општина Кисела Вода
-
Успешно родени 33 жаби-младенчиња од загрозен вид во Лондон
-
Приведено лице од кочанско за предизвикување пожар