Избрани младоженците за Галичката свадба
Тања Лепческа и Златко Димовски се младоженците на 45то издание на Галичката свадба. 29 годишната невеста која потекнува од селото Галичник, истакна дека од својата петта година е дел од оваа традиционална манифестација, познати и се сите обичаи, и е пресреќна што оваа година токму таа ќе ја носи невестинската носија. Младоженецот е од Скопје, но вели дека ги научил сите адети кои се карактеристични за галичката свадба.
Агенцијата за поддршка на туризмот минатата година оваа манифестација ја прогласи за најуспешна туристичка манифестација, а од Њујорк Тајмс и Нешнл Џиографик за најтрадициоонален свадбен фестивал во Европа. Овие признанија не прават особено горди да ја продолжиме традицијата на Петровденските свадби, карактеристични за мијачкиот крај, велат од месната заедница Галичник.
Со Галичката свадба почнува и Галичкото културно лето, кое официјално ќе биде отворено на 13 јули на платото пред чешмата Упија. Свадбарските обичаи почнуваат на 14ти јули, со поставување на свадбарското знаме, а судбоноснато “ДА” Димовски и Лепческа ќе го кажат во недела, во храмот “Св Апостол Петар и Павле”.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
