Избрани градоначалници во четири скопски општини, останатите во вториот круг

Во првиот круг од локалните избори градоначалници добија три од вкупно 10 скопски општини, а извесно е дека уште една скопска општина ќе добие градоначалник во првиот круг. За останатите општини ќе се гласа во вториот круг што ќе се одржи на 29 октомври.
Градоначалнички мандати во првиот круг добија Александар Наумовски од СДСМ во Ѓорче Петров со освоени 53,71 проценти од гласовите, Стефан Богоев во Карпош со 57,38 и Саша Богдановиќ во Центар со освоени 63,46 проценти, а извесно е дека во општина Аеродром ќе победи Златко Марин кој досега има 52,18 проценти од обработените 94,62 проценти од гласовите и води пред Ивица Конески кој има 43,24 отсто.
Извесно е дека втор круг ќе има во Кисела Вода каде досега се обработени 95,12 проценти од гласовите. Според податоците во оваа општина, тесна е разликата меѓу Филип Темелковски од СДСМ кој има 49,67 проценти и Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ со 45,27 проценти.
Втор круг сигурно ќе има во Гази Баба каде се обработени 100 проценти од гласовите според кои во првиот круг Борис Георгиевски од СДСМ освои 47,70 проценти, а Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ има освоено 44,91 процент. Втор круг ќе има и во скопската општина Бутел каде влегуваат кандидатот на СДСМ Велимир Смилевски со освоени 49,56 проценти во првиот круг и Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ со 38,71 процент.
Во скопски Чаир по првиот круг Висар Ганиу од ДУИ освои 38,97 проценти, а Зекирија Ибрахими од Беса 33,5 проценти. Тие ќе одат во вториот круг што ќе се одржи на 29 октомври. Втор круг ќе има и во Сарај откако Блерим Беџети од ДУИ во првиот круг освои 48,24 проценти наспроти Башким Бакиу од Беса со 27,76 проценти.
За втор круг останува и Шуто Оризари каде во првиот круг во предност е кандидатот на СДСМ Курто Дудуш со 39,79 проценти, пред Елвис Бајрам од Сојузот на Роми со освоени 38,18 проценти.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Емил Георгиев, пилот на владиниот лирџет
-

Стојанче два пати ја тепал Ивана на денот на самоубиството, ОЈО Скопје објави детали
-

Техеран им се извини на соседите
-

Наместо сеопфатен интегриран систем за поддршка од семејно насилство, жртвите добиваат бирократија
-

Адвокатот на „ОМО Илинден“ Менкиновски, доби црн печат за влез во Бугарија
-

Ќе се градат две катни гаражи на Клинички, цените за паркирање ќе останат исти
-

Мицкоски уверува: Ќе интервенираме ако има драстичен скок на цената на нафтата
-

Почна изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ вреден 42 милиони евра
