Изборот на новите министри на денешната 75. седница на Собранието

Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања и животна средина.
Како прва точка на дневниот ред е Предлогот за разрешување на Орхан Муртезани од министерската функција во Министерството за европски прашања. За нов вицепремиер и министер за европски прашања е предложен сегашниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали.
Изборот на новите членови на Владата дојде по локалните избори одржани во октомври откако Изет Меџити стапи на градоначалничката функција во Општина Чаир, кој ги извршуваше функциите прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање. За нов министер за животна средина од страна на Владата предложен е поранешниот владин портпарол Муамет Хоџа.
На дневен ред се и Предлогот за именување на неизвршен член на Народната банка на Република Северна Македонија, Предлогот на законот за ратификација на Дополнителниот протокол 7 за решавање спорови на Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија, Предлогот на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници на Република Северна Македонија-Транспорт АД Скопје, по скратена постапка, Предлогот на законот за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, по скратена постапка и Предлогот на законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.
Пред пратениците се и неколку предлог-одлуки за одобрување на годишни програми на неколку институции - Предлог - одлуката за oдобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2026 година и Предлог-одлуката за одобрување на Годишната програма за работа и развој за 2026 година на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор и Ревидираната фискална стратегија на Република Северна Македонија за 2026-2030 година.
МИА
Ново на Сител
-

Нафтата денес на светските пазари достигна највисока цена во последните пет месеци
-

Денеска се одбележува Денот на ОН
-

Приведен српски државјанин, управувал возило со брзина од 166км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80км/ч
-

Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
-

Масовни протести во Франција - Затворени музеи и институции, распоредени 70.000 полицајци
-

УЈП проверува приливи од странство за 2021 година, испратени персонализирани известувања до граѓаните
-

Тројца возачи од Формула 1 добија казни за стартните позиции пред Големата награда на САД
-

Трамп вели дека САД може да извршат „уште една мала воена акција“ против Иран, потоа се справува со Куба
