Македонија
14. September 2016 - 8:31

Изборните активности тема на состанокот на АВМУ и ДИК

Членовите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и на Државната изборна комисија денеска ќе одржат работен состанок.

На состанокот, како што соопшти АВМУ, ќе се дискутира за обврските и активностите за време на изборниот процес кои произлегуваат од Меморандумот за соработка, кој во февруари оваа година беше потпишан помеѓу Агенцијата и ДИК.