Изборниот процес во пелагониските општини почна во 7 часот
Општинските изборни комисии од Битола, Демир Хисар, Новаци и Могила информираат дека утрово во 7 часот почна изборниот процес на сите избирачки места.
На Единствениот избирачки список во Општина Битола евидентирани се 81.738 гласачи со право на глас кои денес гласаат на 169 гласачки места, потврди Ѓуро Илиќ, претседател на ОИК-Битола, додека на Единствениот избирачки список во Општина Демир Хисар евидентирани се 6.955 гласачи со право на глас кои денес гласаат на 41 гласачко место, изјави Митко Јанкуловски, претседател на ОИК-Демир Хисар.
Во 7 часот утрово беа отворени гласачките места и во помалите пелагониски општини Новаци и Могила.
На Единствениот избирачки список во Општина Новаци евидентирани се 2.959 гласачи со право на глас, кои денес гласаат на 24 гласачки места, потврди Стефче Стефановски, претседател на ОИК-Новаци, додека на Единствениот избирачки список во Општина Могила евидентирани се 5.282 гласачи со право на глас кои денес гласаат на 23 гласачки места, потврди Славко Велевски, претседател на ОИК-Могила.
Ново на Сител
-
Ристески: Покачувањето на плата на јавната администрација треба да биде во контекст со подобрување на економската состојба во Македонија
-
Ме боли кога луѓе кои не ме знаат зборуваат невистини за мене | Давид Давидовски | Sitel Podcast 078
-
Германскиот кабинет планира да и дозволи на армијата да соборува нелегални беспилотни летала
-
Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ
-
Утре завршува новогодишната кошничка
-
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-
23-годишна мајка од гостиварско ја малтретирала својата поќерка