-->
-->
Изборите во Штип и Пробиштип течат мирно
-->
Мирно и без проблеми течат Локалните избори 2017 година на 80-те избирачки места, информира претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева. Според претседателите на избирачките одбори излезноста во Штип до 14 часот се движи околу 41 отсто, а според податоците на ОИК –Штип до 13 часот гласале 36,58 проценти или своето право на глас го оствариле 15.397 од 42.083 гласачи кои се на Избирачкиот список.
Според претседателката на ОИК-Пробиштип Ана Ѓорѓиева до 13 часот гласале 36 проценти од 12.921 гласач, а се гласа на 41 избирачко место. Таа забележува дека гласањето се одвива мирно и без технички проблеми.
Следните податоци за излезноста на гласачките места општинските изборни комисии ќе ги лиферуваат по 17 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор