Изборите во Косово ќе ги следат 29.264 набљудувачи
Косовската Централна изборна комисија по вчерашната седница соопшти дека го утврдила вкупниот број на набљудувачи за утрешните предвремени парламентарни избори во Косово.
Според Комисијата, како што јави дописникот на МИА, изборите ќе ги следат вкупно 29.264 домашни и меѓународни набљудувачи.
- Најголем број или 15.784 се набљудувачи на коалициите учеснички на изборите, 8.830 се набљудувачи од домашни невладини организации, 3.657 се од полтичките партии учеснички на изборите, 468 се набљудувачи акредитрани да ги претставуваат домашните, а 36 странските медиуми. Седум меѓународни организации ќе имаат 301 набљудувач, 27 набљудувачи ќе бидат од меѓународни институции, односно групата за менаџирање на избори од разни земји во светот, еден е од домашна институција и 160 од осум амбасади, стои во соопштението на Комисијата
Инаку, вчера заврши изборната кампања, која почна веднаш по распуштањето на Парламентотот и утврдувањето на датумот за избори од страна на шефот на државата Хашим Тачи.
Кампањата се одвиваше со забрзана динамика поради кусиот временски рок од десет дена, а во нејзиниот фокус беше економскиот развој на земјата.
Ново на Сител
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат