Избори 2016: Кавадарчанка спречила болна сограѓанка да гласа
НК за КР Кавадарци поднесе кривична пријава против В.Д. (55) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на слободата на определување на избирачите“ и „уништување на изборен материјал“.
На 10.12.2016 година околу 11.30 часот, на ул. „Пионерска“ во Кавадарци, пријавената во својство на член на избирачки одбор за Избирачко место бр.0678 во Кавадарци, заедно со уште пет членови на избирачкиот одбор и претседателот на ИО, биле во домот на лицето П.Ј., која била пријавена како болен и изнемоштен гласач, со цел да го спроведат гласањето.
Во еден момент пријавената самоволно го зела избирачкото ливче на кое П.Ј. требало да гласа и со пречкртување со две линии со пенкало го оштетила и направила неупотребливо гласачкото ливче, а со тоа го спречила гласачот П.Ј. да го оствари своето избирачко право.
Ново на Сител
-
Мувлосаниот леб нема здрави делови, фрлете го цел
-
Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот
-
Веројатноста дека астероидот „ЈР-4“ ќе удри во Земјата се искачи на 3,1 отсто
-
„Трипедвајзор“: Најдобрите европски плажи за 2025 година
-
Маск: Зеленски „се храни од мртвите тела на војниците“
-
Чешката скијачка Нова веќе не е во кома
-
Хамилтон: И да освојам титула нема да застанам тука
-
18 илјади сообраќајни казни од почетокот на февруари