Избор од македонска поезија објавен во Романија
Песни од македонски поети се објавени во заедничка книга во Романија во издание на „Хелис“ од Слобозија.
Изборот и преводот на песните, како што соопшти Ревијата за книжевност „Бранувања“, е на македонскиот поет Димо Н. Димчев, а уредник на изданието е романскиот поет и главен и одговорен уредник на книжевното списание „Хелис“, Ѓорѓе Добре.
Во изданието пренесени се песни на: Весна Ацевска, Тодор Чаловски, Катица Ќулафкова, Славчо Ковилоски, Игор Крајчев, Димо Н. Димчев, Милица Димитријовска Радевска, Славе Ѓорго Димовски, Богомил Ѓузел, Ристо Ѓ. Јачев, Тоде Илијоки, Милош Линдро, Мишо Китаноски, Панде Манојлов, Ленче Милошевска, Весна Мундишевска Велјановска, Кире Неделковски, Зоран Пејковски, Искра Пенева, Христо Петрески, Петко Шипинкаровски, Веле Смилевски, Милован Стефановски, Санде Стојчевски, Јован Стрезовски, Виолета Танчева Златева, Братислав Ташковски, Кочо Топузовски, Васил Тоциновски, Бранко Цветковски, Радован П. Цветковски, Влада Урошевиќ и Ристо Василевски.
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаров: Мораме да ја победиме Гвинеја
-
Православните верници го слават Богојавление - Водици
-
Учениците утре се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2024-2025
-
Доналд Tрамп планира патување во Кина по инаугурацијата
-
Вучиќ: Наскоро референдум или избори
-
Хамас: Поради технички причини, Израел се уште не добил список на заложници
-
Студено со негативни утрински температури