-->
-->
Избоден старец пронајден покрај Вардар
-->

65 годишен жител на Велес доцна синоќа е пронајден во бесознание и облеан во крв покрај Вардар на околу еден километар од вливот на реката Бабуна.
Велешанецот го пронашле неговите роднини. Го барале во тешко пристапниот терен покрај реката откако не се вратил дома од викенд куќата каде престојувал целиот ден.
Мажот веднаш бил пренесен во велешката болница. Кај него лекарите констатирале неколку убодни рани во стомакот, повреди на главата и скршеници на рацете.
Поради сериозните повреди бил препратен на скопските клиники.
Од велешката полиција велат дека на местото каде е пронајден 65 годишниот маж е направен увид и се работи на расфетлување на случајот.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вандализам во Струшко: Искршени гробници и осквернавени вечните почивалишта на Македонци
-

Полициски службеници од Струга со раце и нозе тепале уапсено лице, иако било врзано со лисици
-

Во текот на јули во просек дневно регистрирани по околу 15 пожари на отворен простор, Ангелов со апел да не се палат огнови и скари во шуми
-

Бугарскиот парламент гласаше претседателските избори да се одржат на 25 октомври
-

Намален бројот на прегледи во Гостивар, засилени мерките против западнонилската треска
-

Опожарено возило во Скопје, сопственост на правно лице од Косово
-

Мицкоски: Законот за Скопје-Европска престолнина на културата 2028 е изготвен согласно праксата на ЕУ, за да нема сомнежи ќе биде ставен на јавна расправа
-

Мицкоски: Во понеделник ќе се прави анализа на цената на горивата, од Владата нема најава за укинување на Вториот пензиски столб
