-->
-->
Избегната трагедија: Автобус со патници за малку не беше „голтнат" од џиновска дупка на патот
-->
Дупка широка неколку метри се отвори на автопат во кинескиот град Нанин, буквално под тркалата на автобус, но возачот, за чудо, успеал навреме да го избегне пропаѓањето, само миг претходно.
Настанот е снимен од неколку камери, а на Јут јуб каналот на кинескиот портал „Пиплс Дејли“ се појави и видео од оваа случка за рубриките „Верувале или не“.
На снимките јасно се забележува тресокот и катастрофата што патниците „за влакно“ ја избегнале. За среќа, возачот навреме ја проценил опасноста и во вистинскиот момент нагазил на педалата за гас. Зад тој автобус имало и друг, којшто пак, ја избегнал несреќата бидејќи возачот навреме запрел.
Извештаите велат дека нема човечки жртви, а улицата се санира.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
18-годишник загинал во сообраќајка откако излетал од патот во скопско
-
Битолчанец се самоповредил со пушка
-
Средба Мицкоски - Орбан: Постигнат е договор за специјална финансиска соработка со Унгарија
-
Расправа во Врховниот суд дали државата е одговорна што македонските граѓани дишат загаден воздух
-
Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот во Неготинско
-
АХВ: Превентивно затворена сендвичарница во скопски Аеродром
-
Владата со препораки за топлотниот бран
-
На Табановце во функција сите сообраќајни ленти, полицијата презема мерки времето на поминување да се сведе на минимум