Избегната голема трагедија: Авионот на Борусија за малку избегнал судир при слетувањето во Мадрид

Експедицијата на Борусија Дортмунд имаше бурен лет до Мадрид откако беше објавено дека „милионерите“ за малку избегнале инцидент при слетувањето во шпанскиот главен град. Весникот „Билд“ обелодени дека летот на германскиот клуб доцнел, за денеска да бидат обелоденети нови детали од приземјувањето.
Првичните информации дека пилотот поради магла не ја гледал пистата се демантирани, откако „Билд“ обелодени дека при слетувањето на авионот со играчи пред него на пистата се појавил друг авион, во кој биле сместени членовите на младинската екипа, спонзорите и гости на клубот.
- Два авиони летаа од Дортмунд до Мадрид. Прв полета авионот со играчите од првиот тим, по него и оној со младинците и со претставниците на клубот. Сепак, вториот авион набрзо го мина првиот, па кога оној со играчите почна со слетување на мадридскиот аеродром пилотот забележа дека на пистата веќе се наоѓа другото летало од Дортмунд. За среќа, се реагираше благовремено, па по половина час кружење околу Мадрид и авионот со фудбалерите на Борусија Дортмунд безбедно слета, објави „Билд“.
Ново на Сител
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
-

Сопствениците на „Констелејшн“ на суд поради пожарот во барот во Кран - Монтана
-

Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство и закани во еден ден
-

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула
