Џет-Сет
7. September 2017 - 13:07

Избегала од мажот - Тања Савиќ со децата си заминала од Австралија

Фолк пејачката Тања Савиќ одлучила од Австралија да се пресели во својата татковина, заедно со своите деца.

Имено, пејачката претходните години живеела на релација Србија-Австралија и конечно одлучила да се пресели засекогаш во Србија.

Тања е пресреќна, бидејќи може да се посвети на кариерата, а сопругот ќе го посетува кога ќе дозволуваат обврските.

Нејзината мајка ја потврдила оваа информација и вели дека е среќна што често ќе ги гледа внуците.

Сопругот Душан не бил пресреќен, бидејќи сметал дека децата имаат поголема перспектива во Австралија, но Тања не сакала да попушти.