Ивановски со нов македонски рекорд на 3.000 метри

20-годишниот македонски атлетичар Дарио Иваносвки постави нов државен рекорд на 3.000 метри. Дарио на атлетскиот митинг во Нови Сад (Србија) го освои 1-то место на трката на 3.000 метри со резултат од 8:17:92 што претставува нов сениорски рекорд на Македонија. Претходниот рекорд изнесуваше 8:18:70 и беше во сопственост на македоснката легенда Јонуз Јонузи, а поставен во 1992 година. Ова е трет национален сениорски рекорд на Дарио, после рекордот во сала на 3.000 метри и рекордот на отворено на 1.000 метри.
Дарио кој е член на АК Работнички е еден од најголемите таленти кои се појавија на атлетската сцена во Македонија, а има само 20 години. Да подсетиме оваа година Дарио беше победник Скопски полумаратон и на Белградски полумаратон, а исто така е и државен првак во повеќе атлетски дисципини.
- Бев речиси сигурен дека ќе го соборам мојот личен рекорд на ова растојание, но не и деќа ќе поставам нов државен рекорд. Бев навистина изненаден. Но, се наоѓам во извонредна форма и верувам дека ќе продолжам во ист стил и на наредните натпреварување – изјави Ивановски по трката во Нови Сад
- Работевме цели два месеци за овој натпревар. Пеколните тренинзи и перформансите кои претходни ги демонстрираше гарантираа добар резултат. Го погодивме вистинскиот тајминг, па тоа даде резултат. Штета што Дарио немаше вистинска конкуренција на трката, можеби ќе беше и подобар за три до четири секунди. Сепак и ова е неверојатно постигнување изјаваи неговиот тренер Игор Јакимовски, инаку познат наш маратонец.
Со поголема помош од спонозрите и институциите очекуваме дека Дарио Ивановски ќе оствари уште поголеми успеси во годините кои доаѓаат, а една од најголемите цели и желби на Дарио за следниот период е учество на Олимписките Игри во Токио во 2020 година.
Ново на Сител
-

Жељазков го врати неисполнетиот мандат за формирање влада веднаш откако го доби од претседателот
-

АЕК треба да донесе одлука за најповолен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор
-

ЕУ најверојатно останува без место во „Одборот за мир“ за Газа на Трамп
-

Ѕвездите на „Адолесценција“ блеснаа во ноќта на „Златните глобуси 2026"
-

Мета деактивирала над 540.000 профили поради забраната за социјални мрежи во Австралија
-

Информација од ЦУК за состојбата по обилните врнежи
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување
-

Славески: Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е резултат на авионскиот превоз
