Тенис
9. July 2021 - 11:49

Ивановски против Џоунс во осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон

 Македонски тенисер, Калин Ивановски избори осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон, откако во второто коло го победи Литванецот Едас Бутвилас со 2-0. Двата сета Македонецот ги доби на тај-брејк со по 7:6.

Ивановски во текот на денешниот ден во осминафиналето ќе игра со Британецот Џек Пинингтон Џоунс.

Нашиот Ивановски на АТП ранг листата е на 1.654-то место, додека Британецот е 1.195-ти па на овој меч домашниот тенисер влегува како фаворит.