Иванов за Водици во Кичево, Вељановски во Хром и Нерези, Димитрев во центарот на Скопје
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе присуствува на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление - Водици, што ќе се одржи во Кичево.
Со почеток во 10:00 часот, претседателот Иванов ќе присуствува на богослужбата во Соборниот храм „Св. Петар и Павле“ и на церемонијата на положување на светиот крст.
По повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денеска во 12,00 часот ќе присуствува на големиот богојавленски водосвет и фрлањето на Чесниот крст во водите на реката Вардар на "Железниот мост" во населбата Хром каде свештениците од двата храма "Св. Петар и Павле" од Ѓорче Петров и "Св. Пантелејмон" од Нерези ќе одржат заедничка служба.
По повод чествувањето на празникот Богојавление Водици, претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на парламентарните избори, Емил Димитриев, денеска ќе присуствува на чинот на положување на Светиот крст во водите на реката Вардар.
Настанот ќе се одржи на мостот кај хотелот „Холидеј Ин“.
Почетокот е предвиден за 11:45 часот.
По повод чествувањето на празникот Богојавление-Водици, денеска Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе присуствува на чинот на положуванје на Светиот крст во водите на реката Вардар (мостот во паркот), општина Гостивар.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал