Иванов: Враќање кон трајните морални и етички вредности и принципи

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка по повод празникот Свети Климент Охридски до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски Стефан и до сите православни верници .
- Денешниот ден е посветен на најискусниот и најпросветениот ученик на светите Кирил и Методиј, а тоа е нашиот голем народен светител и просветител – свети Климент Охридски. Поаѓајќи од неговата длабока вера во Господ Исус Христос, св. Климент неуморно работел на образовно, морално, етичко и духовно издигнување на народот на Македонија. Не давајќи им сон на своите очи, тој кај луѓето ги всадил позитивните навики на срцето – солидарноста, трудољубивоста, гостопримливоста, трпението, милоста. Овие навики кои станале дел од колективниот карактер на народот, ни помогнале не само да ги пребродиме бурите на историјата, туку и да изградиме автентичен македонски модел на соживот и почитување на различноста, стои во честитката.
Во неа претседателот додава дека во изминативе години исполнети со политички кризи, за жал, дел од овие навики паднаа во заборав. - Во основата на сите кризи е моралната криза. Единствен начин како трајно да се надмине политичката, е, пред се, да се надмине моралната криза на нашето општество, преку враќање кон трајните морални и етички вредности и принципи кои пред повеќе од 11 века ни ги пренел св. Климент Охридски. Така ќе успееме да изградиме хумано и праведно македонско мултиетничко и мултирелигиско општество, се наведува во честитката.
Ново на Сител
-

СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
-

Се одржува Галичка свадба - обичаи, традицонални носии, песни и оpа како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство
-

Петровден: Cветецот кој трипати се откажа од Исус, кој беше далеку од совршен, но карпа врз која може да се изгради црквата
-

Претпладне променливо облачно со сончеви пеpиоди, попладне услови за пороен дожд и грмежи
-

Крозето: Европската одбрана треба да се прошири надвор од границите на ЕУ
-

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија
-

Белата куќа одобри нови санкции против Русија
-

Турција им советува на граѓаните поради горештините да консумираат сладолед, а не печива и кафе
