Иванов во Обединети Нации на состанок со помошникот генерален секретар на ОН Моратинос
Поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов за време на вториот дел од посетата на САД, во Обединтите нации оствари билатерална средба со помошникот Генерален Секретар на ОН и Висок претставник за Алијанса на цивилизациите при ОН, Мигуел Ангел Моратинос.
По средбата, како што соопшти Кабинетот на Иванов, бил потпишан Договор за партнерство во рамките на дејностите на иницијативата на Алијанса на цивилизациите при ООН.
-Договорот предвидува можност за заеднички проекти и активности во Македонија, но и во поширокиот регион. Со овој договор ,,Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите" од Скопје стана и официјален партнер на Организацијата на обединетите нации во целта за остварување на заедничките приоритети на оваа благородна идеја, се наведува во соопштението.
За време на посетата на САД, поранешниот претседател Иванов се обратил на панел на темата ,,Градење на Алијансата на цивилизациите во нарушени времиња" во рамките на 26-тиот состанок на високо ниво на Меѓународниот центар ,,Низами Ганџави".
Во својот говор претседателот Иванов се осврнал на потребата од конкретни акции преку кои би се реализирале целите на Алијансата во светот, но и во нашиот регион.
Во тој контекст Иванов ги посочил придобивките од главните проекти на Меѓународниот Центар „Алијанса на Цивилизациите” во Скопје, како што се Школата за Млади Лидери и Форумот за Културна Дипломатија.
Дваесет и шестиот состанок на високо ниво на Меѓународниот центар ,,Низами Ганџави" се одржа во Њујорк од 19 до 21 септември на тема ,,Обликување на иднината: Обновување на мултилатерализмот".
Ново на Сител
-
Вишковиќ: Шмит ќе мора да сведочи во судскиот процес против Додик
-
САД го поздравија договорот за размена на затвореници меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Министрите од арапските земји бараат итен прекин на непријателствата во Газа
-
Бајден оди во Калифорнија да собира средства за својата изборна кампања
-
Израел и САД ги отфрлаат повиците за итен прекин на огнот во Газа
-
Киев известува за осум повредени додека Русија продолжува да користи стратешки бомбардери
-
Вања била ставена во вреќа за спиење во подрумот на нејзината зграда
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер