Иванов во дводневна посета на Белгија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел, Кралството Белгија.
Во среда претседателот Иванов ќе оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Во четврток Иванов ќе учествува на 19. годишна сесија на Форумот за домашна и глобална безбедност, во рамки на Форумот Кран Монтана. Предвидено е претседателот Иванов да се обрати на официјалната сесија на отворањето на форумот, како и на пленарната сесија посветена на соседската политика на Европската Унија, со посебен фокус на „Иницијативата три мориња“.
За време на работната посета на Брисел, претседателот на РМ ќе оствари средба со заменик-претседателот на владата и министер за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Реиндерс.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
