Иванов во дводневна официјална посета на Бугарија
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Бугарија, на покана на бугарскиот колега Румен Радев.
Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, во Софија со највисоки државни почести ќе биде пречекан од бугарскиот претседател Радев.
Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок. Претседателот Иванов, придружуван од претседателот Радев, ќе положи венец пред Споменикот на Непознатиот војник во Софија.
За време на официјалната посета, претседателот Иванов ќе има средба со претседателот на Народното Собрание на Република Бугарија, Цвета Карајанчева, со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева.
Претседателот Иванов ќе го посети и Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, каде е предвидена средба со македонски граѓани, стопанственици и културни дејци кои живеат и работат во Република Бугарија.
За време на официјалната посета на Бугарија претседателот Иванов ќе биде придружуван од сопругата Маја Иванова.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
