Македонија
24. November 2015 - 9:02

Иванов во Брисел на средба со Столтенберг

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во рамки на посетата на Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов со неговите соговорници во Брисел, е интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и во НАТО, како и актуелните состојби поврзани со мигрантската и бегалската криза.

Во рамки на посетата тој вчера се сретна со потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс.