Иванов: Во 2018 да зачекориме по вистинскиот пат
Претседателот Ѓорге Иванов во 2018 година очекува Македонија да зачекори на вистинскиот пат - до поквалитетен живот, просперитет и благосостојба за сите граѓани. Како што вели во новогодишното обраќање, се надева и на праведно општество, втемелено на вистината, слободата и мирот.
- Дозволете да ви ја честитам Новата 2018 година и од се срце да ви упатам искрени желби за добро здравје, за повеќе радост, поголеми успеси и подобро утре. Изминатава година бевме соочени со многу предизвици и премрежија, а политичката атмосфера непријатно се одрази на целото општество и на секој од нас посебно. Искрено се надевам дека во годината што доаѓа ќе се посветиме на убавите и позитивни нешта, посака шефот на државата.
Тој изрази надеж и дека ќе смогнеме сила за да ги надминеме поделбите, да ги отфрлиме предрасудите, да се сплотиме околу државните интереси и да зачекориме на вистинскиот пат.
- Новата година да ја почнеме со позитивни мисли и силна верба и надеж дека можеме да ги исполниме нашите искрени желби. Во новата година, посакувам повеќе да ја сакаме нашата заедничка татковина Република Македонија и секој од нас да даде личен придонес за едно поубаво општество за нашите деца, родители, роднини, соседи и пријатели. Посакувам повеќе да се почитуваме, да шириме љубов за да имаме мир со себе си и со другите, истакна Иванов во новогодишната честитка.
Ново на Сител
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
-

Обвинителството бара притвор за Ива Михаилова
