Македонија
1. November 2015 - 13:05

Иванов упати сочувство до Јоханис по повод пожарот во ноќниот клуб во Букурешт

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати сочувство до претседателот на Романија Клаус Јоханис по повод пожарот во ноќниот клуб во Букурешт во кој загинаа 27, а беа повредени 200 луѓе.

- Со тага ја примив веста за една од најголемите несреќи во Букурешт во изминатите децении и искрено жалам за загубените животи од овој трагичен настан. Во овие тешки моменти за вас, за граѓаните на вашата земја и за семејствата на настраданите и повредените, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да ви упатам изрази на најдлабоко сочувство, вели претседателот Иванов упатувајќи изрази на сочувство до неговиот романски колега.