-->
-->
Иванов упати честитка до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден
-->

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов и до верниците од католичка вероисповед по повод големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден.
- За Христијаните, денот на Христовото воскресение е најголемиот и најзначајниот ден во историјата на човештвото. Празнувајќи ја победата на Исус Христос над смртта, ние со благодарност ја прифаќаме единствената жртва што може да нѐ откупи и ослободи од силата на гревот. Овој празник е и потсетување дека секој човек има непроценлива вредност и неотуѓиво човечко достоинство, што е вродено право и заемна обврска да ги почитуваме и прифаќаме нашите ближни и соседи со сите нивни разлики, вели Иванов во честитката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пратенички прашања во Собранието
-

ЕУ ги почнува преговорите за укинување на роамингот во Западен Балкан
-

ЕУ поддршка за развој на капацитетите за сајбер безбедност во Македонија
-

Поради неисплатени субвенции, сточарите се заканија со протести
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
