Иванов: Тероризмот и екстремизмот создадоа нова реалност во Европа

Како што бројот на бегалци ќе се зголемува, така волјата и подготвеноста на Европската унија да ги прифаќа и интегрира ќе се намалува. Истовремено, мигрантската криза придонесе кон дополнително затегнување на односите меѓу државите, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на свеченото отворање на 19. Евроазиски економски самит што се одржува во Истанбул.
Тој истакна дека колку е послаба соработката меѓу државите, толку е посилна соработката меѓу криминалците и додаде дека според одредени статистики трговијата со луѓе станува попрофитабилна од трговијата со наркотици.
- Она што дополнително загрижува е што истите канали ги користат и поединците со затворени умови кои со насилни терористички акти сеат насилство. Неодамна, покрај Париз, Брисел, Анкара и Истанбул се најде на ударот на тероризмот и насилниот екстремизам, кои создадоа нова реалност во Европа, рече македонскиот претседател.
Шефот на македонската држава потенцира дека во вакви турбулентни времиња, во кои се повеќе владее стравот и неизвесноста, неопходни се мудри решенија за овие горливи предизвици.
- Бегалците и мигрантите не се статистика, туку човечки битија, со неотуѓиви човечки права и со вродено човечко достоинство. Секој од нив е човек во потрага по среќа. За пост фестум да не ја согледаме моќта на немоќните, мора да бидеме хумани кон нив, и да им излеземе во пресрет, рече Иванов.

Ова е шесто учество на претседателот Иванов на Евроазискиот економски форум, кој се одржува секоја година во организација на Мармара фондацијата. На форумот учествуваат актуелни и поранешни претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, невладиниот сектор и бизнис заедниците од 40-тина држави.
Во делегацијата предводена од македонскиот претседател е и министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Џери Наумоф.
Во рамки на работната посета на Турција, македонскиот претседател ќе оствари средба и со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.
Ново на Сител
-

Продолжува гаснењето на пожарот во централна Грција – во текот на ноќта евакуирани села
-

Мигрантската криза во Сеута повод за меѓусебни обвинувања помеѓу Мадрид и Ерусалим
-

„И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката – Македонија мора да носи одлуки врз основа на знаење, а не на притисоци
-

Претрес во Кочани, пронајдени над 160 грама кокаин и марихуана, приведено едно лице
-

Тројца приведени кај Блаце за криумчарење стока од Косово, одземени две возила | ФОТО
-

Пад на закупите на недвижности, најбарани деловните простори
-

Три лица приведени во Скопје по обид за подигнување кредит со фалсификувана документација
-

Зголемена фреквенција на Табановце и Богородица, чекањата до еден час
