Иванов се сретна со претседавачот на Советот на министри на БИХ, Звиздиќ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска се сретна со претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.
Од кабинетот на Иванов соопштија дека двајцата соговорници оцениле дека двете држави ги карактеризираат традиционално пријателски односи и идентични ставови во однос на унапредување на меѓународната и соработката во регионалните иницијативи.
На средбата биле разменети мислења околу состојбите во регионот и актуелните политички случувања во двете држави и беа потврдени заложбите за целосна интеграција во Европската Унија и во НАТО.
Претседателот Иванов истакнал дека Република Македонија во континуитет го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина и нејзините напори за интеграција во ЕУ.
- Евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан е од суштинско значење за регионалната стабилност и развој. Треба да се искористи моментумот, кога ЕУ конечно го посветува потребното внимание кон државите од Западниот Балкан, за сите да напредуваме во интеграцискиот процес, порачал на средбата претседателот Иванов.
Соговорниците размениле информации за претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони чиј домаќин ќе биде Република Македонија, при што претседателот Иванов истакнал дека овој состанок ќе биде одлична можност за продлабочена и структурирана дискусија за интензивирање на евроинтеграциите на Западен Балкан и справување со предизвиците на регионално ниво.
Македонскиот претседател изразил задоволство од унапредувањето на договорната состојба меѓу двете држави и го поздрави потпишувањето на Спогодбата за патување на граѓаните од двете земји со биометриски лични карти.
На средбата била искажана подготвеност за натамошно продлабочување на севкупните билатерални односи и била посочена потребата од подобрување на инфраструктурното поврзување меѓу двете земји и интензивирање на економската соработка, што не соодветствува со реалните можности и капацитети.
Ново на Сител
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
-

Сиљановска-Давкова: Вредноста на нашите мировници никогаш не била повидлива
-

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат
-

Ваташанец лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта
