Иванов: Останувам на ставот за договорот, Заев да покрене постапка за импичмент
- Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го повикува премиерот Зоран Заев веднаш да покрене постапка за импичмент, најгалсувајќи дека неговиот став во однос на договорот за името е конечен и останува непроменет.
- Го повикувам Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент, вели во пишаната изјава до медиумите претседателот Иванов во врска со вчерашната изјава на премиерот во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
Иванов во пишаната изјава реагира на, како што е наведено „сите изнесени невистини и закани од страна на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
- Мојот став во однос на штетниот договор за името е конечен и останува непроменет и покрај сите искажани закани и притисоци, посочува претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан
-
Полициска акција во Прилеп, се вршат претеси на осум локации
-
ДУИ: Тошковски да си поднесе оставка како морален чин