Иванов на Самит за поддршка на Сирија и регионот во Лондон
ретседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе има обраќање на Самитот за поддршка на Сирија и регионот, што денеска се одржува во Лондон, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Целта на самитот на шефови на држави и влади е создавање фондови и обезбедување помош од меѓународната заедница за обновување на Сирија, како и поддршка на државите кои се особено погодени од бранот на бегалци и се крајна цел на бегалците. Се очекува учесниците на самитот да постигнат согласност со цел помош на цивилното население во Сирија, да се изнајдат економски можности за обезбедување работни места за бегалците, како и еднаков пристап до образовниот систем за децата - бегалци. Крајната цел, според најавата на организаторите, е да се намали приливот на бегалци кон европските земји.
Домаќин на конференцијата е премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон во заедничка соработка со емирот на Државата Кувајт, Ал-ахмад Ал Јабер Ал-Сабах, канцеларот на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел, премиерот на Кралството Норвешка, Ерна Солберг и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
На самитот е најавено учество на лидерите на повеќе од 70 држави од светот, претставници на ОН, меѓународни и регионални организации и од невладиниот и од приватниот сектор.
Ново на Сител
-
Директорот Бурим Љатифи го пушти во работа новиот трансформатор во ТС Битола 2: Клучен чекор за енергетска стабилност
-
Трудо поднесе оставка како лидер на партијата, но ќе остане премиер додека партијата не избере негов наследник
-
Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег
-
ЗНМ: Запалено возило на новинарка
-
Сиљановска-Давкова: Божиќ е симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
-
Опожарени четири автомобили во пожар во автосервис во Сарај
-
Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало
-
Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество