Иванов ја додели наградата за најуспешно архитектонско дело во 2017
Индустриски објект за полнење и флаширање на природна вода „МАYA“ во село Гари на архитектот Александар Карангелов е најуспешното архитектонско дело во 2017 година.
Големата годишна награда што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, ја врачи претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата.
- Уверен сум дека Големата годишна награда, но и другите активности на Сојузот на архитекти ќе придонесат повторно да го сфатиме значењето и насушната потреба од простор, светлина и ред. Потребата од зданија по мерка на човекот кои ќе бидат белег на нашето секојдневие, но и наследство за идните генерации, рече претседателот Иванов на доделувањето на наградата што се одржа во Музејот на град Скопје.
Македонскиот претседател упати порака до институциите и до целото македонско општество да се овозможи повеќе простор за архитектите. Тој подвлече дека за тоа е секогаш потребен интензивен економски и технолошки развој, но и постојано збогатување на духовното и надградување на естетските критериуми.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца