Иванов ги прими учесниците на 56. издание на Струшките вечери на поезијата

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана“ во Охрид ги прими годинешниот лауреат на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, американскиот поет Чарлс Симиќ, добитникот на наградата „Мостови на Струга“ на СВП и УНЕСКО, хрватскиот поет Горан Чолакхоџиќ, носителот на наградата „Браќа Миладиновци“, македонскиот поет Михаил Ренџов и организаторите на 56. издание на Струшките вечери на поезијата.
Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, им честитал на тројцата поети за наградите, оценувајќи ги како признание за нивната целокупна поетска дејност.
На приемот претседателот Иванов упатил честитки за успешната организација на оваа поетска манифестација и изразил очекување дека тоа ќе продолжи и во иднина.
- Струшките вечери на поезијата имаат особено значење за презентација на македонското и светското поетско творештво, и за збогатувањето на македонската култура и за севкупната афирмација на Република Македонија во светот, истакнал претседателот Иванов на средбата.
Годинешното 56-то издание на „Струшки вечери на поезијата“ се одржува од 23 до 28 август, а на него учествуваат триесетина поети од Македонија и странство.
Во 2011 година претседателот Иванов ја одликуваше манифестацијата „Струшки вечери на поезијата" со Орден за заслуги за Република Македонија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
