Иванов ги прими акредитивите на новите амбасадори на Нов Зеланд и ДНР Кореја

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Нов Зеланд и на Демократска Народна Република Кореја за Република Македонија.
Како што соопшти кабинетот на Претседателот, на свеченоста на предавањето на акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Нов Зеланд за Република Македонија, со седиште во Рим, Патрик Џон Рата, претседателот Иванов истакна дека повеќе од две децении двете земји развиваат односи во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и взаемното почитување и дека со заеднички ангажман во периодот што следи, со јакнење на политичкиот дијалог, со унапредување на правната рамка и со јакнење на економската соработка, ќе се придонесе кон нивно продлабочување во многу сфери од заеднички интерес.
Македонскиот претседател посочи дека иако двете земји географски се многу оддалечени, сепак заедничка нишка е значајниот број државјани на Нов Зеланд со потекло од Република Македонија.
- Република Македонија е горда на нивниот придонес и на нивното учество во социјалниот и економскиот живот на Нов Зеланд и верувам дека нивната улога на мост меѓу двете земји ќе ни помогне во остварувањето на нашите заеднички цели, порача претседателот Иванов.
Новоименуваниот амбасадор Рата, истакна дека Нов Зеланд сака да ги зацврсти односите меѓу двете земји особено во областа на политиката, економијата, трговијата и културата и изрази уверување за успешна соработка, и покрај географската далечина, бидејќи, како што се наведува, и двете земји делат слични аспирации и демократски цели за своите народи.
- Изминатите две децении покажавте дека сте кредибилен партнер во меѓународната заедница и земја подготвена да ја одигра својата улога за стабилизирање на регионот на Југоисточна Европа. Ние ве охрабруваме да продолжите со соработката и конструктивниот пристап во односите со регионот, порача амбасадорот Рата.
Новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Демократска Народна Република Кореја за Република Македонија со седиште во Софија, Ча Кон Ил, изрази уверување дека ќе се ангажира за развој на односите помеѓу двете земји за време на неговиот амбасадорски мандат.
- На средбата беа разменети информации за актуелните состојби во Корејскиот Полуостров, како и за состојбите во регионот на ЈИЕ. Претседателот Иванов беше информиран за видувањата на раководството на ДНР Кореја за политичките тензии во регионот и начинот на нивното надминување. Нагласувајќи ја важноста на дијалогот, претседателот Иванов изрази надеж дека со дијалог и мирољубиви средства ќе се изнајде решение за спорните прашања на Корејскиот Полуостров во интерес на мирот, благосостојбата и просперитетот на корејскиот народ, стои во соопштението.
Воедно, се наведува дека шефот на државата на новоименуваните амбасадори им честита за функцијата и им посака успех во вршењето на дипломатската должност.
Ново на Сител
-

Македонската навивачка Фаланга го одбележа празникот Водици и традиционалното скокање по крстот во Архус | ВИДЕО
-

Васко Дрвошанов и годинава го фати светиот крст во Струмица
-

Гимназијалецот Јордан Ангелески го фати светиот крст и е најсреќен на Водици во Прилеп
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележување на Богојавление – Водици во Охрид и во Струга
-

Честитка од Ѓорѓиевски за Водици: Нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение
-

Крстот во Гостивар го фати Бобан Симјаноски
-

Христијан Џеповски го извади Светиот крст од Преспанско Езеро
-

Крстот за Водици во Кочани во рацете на Марјан Заов
