Иванов договорот го смета за политичка дивоградба | Сител Телевизија
Македонија
13. јуни 2018 - 22:14

Иванов договорот го смета за политичка дивоградба

Иванов не го потпишува договорот кој вчера премиерот Заев го постигна со Ципрас за Република Северна Македонија за севкупна употреба и со уставни измени. Шефот на државата го оцени договорот како лична одлука на Заев, противуставен, недостоинствен, штетен за Македонија и идентитетските прашања. Иванов договорот го смета за политичка дивоградба.

вој штетен договор претставува напуштање на досега изградените суштински државни позиции, а кои беа потврдени и на последните две лидерски средби. Тоа се: неменување на Уставот и неприфаќање на име за севкупна употреба, или ерга омнес. Ваквиот штетен договор, кој е единствен во историјата на човештвото, за мене е недостоинствен и неприфатлив. Со него се крши Уставот, Законите и се рушат државните институциите. Нема да легализирам политички дивоградби.  Владата не смогна сила и храброст да изградиме заеднички став и да се постигне национален консензус, изјави Иванов.

Текстот на договорот Иванов го смета за поразителен затоа што со него не се предвидува само промена на уставното име, туку и промена на преамбулата и измена на сите одредби од Уставот каде се споменува Македонија и придавките изведени од терминот. Според него ЕУ и Нато не смеат да бидат алиби за лошиот договор.

-Грција успеа да ги исполни своите максималистички барања. Одговорно тврдам, дека тоа што го направи со Македонците во Грција,  сега преку овој договор, настојува да го направи со Македонците во Македонија.... На крај, го повикувам македонскиот народ каде и да се наоѓа да не се плаши.  Не ја губете вербата во себе. Чувајте го и негувајте го нашиот многувековен идеал на непокорот.  Мојот став е конечен и нема да ме поколебаат со никакви притисоци, уцени и закани. Нема да поддржам и потпишам ваков штетен текст на договор, изјави Иванов.

Иванов го доби текстот на договорот утринава лично од Заев и Димитров на средба која траела буквално две минути. Според неофицијалните информации шефот на државата ги соопштил своите позиции дека се работи за штетен и срамен догвор и веднаш потоа ги упатил документот да го остават во архивата.

 За средбата официјално се огласија и од Владата. Од таму велат дека никој нема право да ја попречува македонската иднина.

За средбата на Фејсбук се изјасни и Димитров. Ќе не биде ... и покрај Иванов, напиша тој.