Иванов до Фрчковски: Јас не сум ти, кој си ти е опишано во мемоарите на Глигоров и Андов
Кабинетот на Претседателот на Република Македонија реагира на изјавата на Љубомир Фрчкоски дадена вчеравечер во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.
Сметаме дека ваквиот однос на Фрчкоски кон Претседателот на Република Македонија е резултат на личен анимозитет, како и последица на неговите лични фрустрации поради доживеаниот пораз на претседателските избори, токму од страна на претседателот Иванов.
Сметаме дека Љубомир Фрчкоски е најмалку повикан да го обвинува Претседателот Иванов.
Дали треба да ја потсетуваме јавноста на веќе укажаните сведоштва дека Фрчкоски е архитектот на политичката полиција и криминализирање на Службата за безбедност во Република Македонија на штета на националните прашања?
Дали непрофесионализмот, кршењето на човековите права и владеење на подземјето е неговиот печат во управувањето со институциите?
Дали Фрчкоски смета дека јавноста заборави за криминалните и неморалните дела од неговото владеење?
Претседателот Иванов му порачува на Фрчкоски:
„Јас не сум тоа што си ти. Кој си ти е опишано во мемоарите на поранешниот претседател Киро Глигоров и поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов“.
Кабинетот на Претседателот на Република Македонија очекува од Јавното обвинителство да реагира на сите досегашни изјави и сведоштва за улогата на Фрчкоски во атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.
Ново на Сител
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат