Иванов демантира дека блокира назначување амбасадори, се залага за професионални кадри

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов ги демантира тврдењата на Дипломатскиот клуб Скопје за блокада на назначување шефови на дипломатско-конзулрните претставништва на Македонија.
- За сите предлог-кандидати за амбасадори, за кои претходно е постигната согласност со Министерството за надворешни работи, постапките за нивно именување се во тек. Согласно законските процедури, за дел од прифатените и усогласени предлози, постапките за нивно именување се завршени и дипломатите се веќе упатени на извршување на амбасадорската должност, соопшти Кабинетот на Претседателот.
Доколку Дипломатскиот клуб, додаваат оттаму има забелешки околу постапката и процедурите за именување амбасадори, го упатуваме на одговори во Кабинетот на министерот за надворешни работи.
- Претседателот на Република Македонија, како и досега, останува доследен на своите заложби за поставување на професионални и стручни кадри, кои ќе придонесат во јакнење на дипломатската мрежа и ќе ги застапуваат интересите на Република Македонија, стои во соопштението.
Претходно, Дипломатскиот клуб – Скопје соопшти дека се празни 20 позиции на амбасадори на Македонија во странство заради, како што наведоа, неноминирање на амбасадори од страна на претседателот Иванов и покрај серијата предлози што до него ги има доставено Владата на РМ.
- Со таквиот однос на Иванов доаѓа до уназадување на нивото на односите на Република Македонија со државите со кои сме потпишале и договори за отворање на амбасади со именување на амбасадори. Воедно со овој однос директна штета трпат позицијата и угледот на Република Македонија во светот, блокирани се најзначајните политички, економски и културни иницијативи за развој на вклупните односи на заинтересираните субјекти и граѓани со нивните партнери во светот, а се блокира и природното унапредување и професионален развој на дипломатите во Министерството за надворешни работи на РМ, соопшти Дипломатскиот клуб.
Ново на Сител
-

Гаши за Законот за правичната застапеност: Ќе го искористам правото од Деловникот да проценам кога може да го повикам пленумот на гласање по исцрпената расправа
-

Вториот пензиски столб исплаќа пензија за 147 лица, најголем дел со минимален пензиски износ
-

Андоновски: Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри
-

Прегледани 73 пациенти во јавните здравствени установи во Гостивар
-

Зоран Герасимовски избран за в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје, Ндерим Полиси на Основниот суд Струга
-

Вознемирувачки случај во Пробиштип: 74-годишник се самозадоволувал пред малолетно девојче
-

Топол бран до крајот на следната седмица, од среда температури над 40 степени
-

На Македонци додека ручале во Грција им провалиле во автомобилот – останале без пасоши, пари и документи
