Иванов: Амбасадорите доаѓаат и си одат, ние остануваме!

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов денес има заедничко интервју со главните уредници на телевизиите.
Запрашан за присуството на амбасадорите на прес-конференциите на СЈО, тој одговори дека тие амбасадори ги пречекоруваат овластувањата.
-Амбасадорите ни се шетаат по судови, тоа не е влијание? Им диктираат на телефон што да прават, тоа не е притисок? Некои од амбасадорите ги пречекорија сите амбасадориски овластувања кои стојат во Виенската конвенција за дипломатија. Не сакаме ние да влегуваме во конфликт со земјите од каде тие амбасадори доаѓаат. Јас во обраќањето кое го имав пред нив на традиционалното обраќањето на дипломатскиот кор им кажав да внимаваат тоа што го работат да не бидат погрешно сфатено. Затоа што тие доаѓаат и си одат, ние остануваме. Ни ги оставаат проблемите и навиките и преседаните други да ги користат. Можеби тоа го правеле во време кога не не сме имале своја суверена држава, не сме имале свои партии, свои институции, свој устав. Денес е недозволиво. Никој досега не успеал да ме притисне, ни да ме скрши ниту пак да ме уцени. Сум влегол во ова со чист образ и со чист образ сакам да излезам. Не можам јас да ви зборам за криминал и неморал, ништо од тоа не знам. Но за чесност, искреност, за посветеност, можам да ви зборам со саати, рече Иванов.
Ново на Сител
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
-

86 кг храна годишно по жител завршуваат во отпад од македонските домаќинства - глобално пропаѓаат над милијарда оброци дневно
-

Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
-

Трамп: Можно е по изборите да го засилиме бомбардирањето на Иран
-

Во Кривичен суд продолжува судењето за „Државна лотарија“
-

Кратењето средства за ОН го доведува во ризик образованието на милиони деца бегалци
