Иванов-Алијев: Создадени услови за интензивирање на соработката меѓу Македонија и Азербејџан
Претседателите на Република Македонија и Република Азербејџан, Ѓорге Иванов и Илхам Алијев, се задоволни од континуираниот политички дијалог на највисоко ниво и имаат заемен заклучок дека односите се пријателски, но недостасува содржина во соработката.
Мислењата за севкупните билатерални односи тие денеска ги разменија на средба во азербејџанската престолнина Баку, каде што Иванов е во работна посета и учествува на 4. Глобален Баку форум.
- Одличните политички односи и контакти, солидната правна рамка и потенцијалите на двете земји, според претседателите Иванов и Алијев, создаваат услови за интензивирање на економската соработка, зголемување на обемот на трговската соработка и на азебрбејџански инвестиции, гасоводни проекти, безбедносна соработка. Македонскиот претседател на средбата ги претстави можностите за инвестирање во земјата, и го запозна претседателот Алијев со поволниот инвестициски амбиент во Република Македонија, со состојбите во македонската економија, како и со оценките на релевантните меѓународни фактори за реформските процеси и економските резултати, соопшти Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.
Претседателот Иванов ја реафирмираше поканата за официјална посета на претседателот Алијев на Република Македонија во втората половина на 2016 година.
На средбата, како што информира Кабинетот, беа разменети мислења за состојбите во регионот, мигрантската криза и безбедносните состојби. Претседателот Иванов го запозна соговорникот со предизвиците од мигрантската криза, како и приоритетите за членство на Република Македонија во ЕУ и во НАТО.
- Претседателот Алијев го запозна македонскиот претседател со состојбите во Нагорно-Карабах и за односите на Азербејџан со Република Ерменија. Двајцата претседатели се согласија за натамошно продолжување и интензивирање на соработката на мултилатерален план. Претседателот Иванов ја прифати поканата за учество на Самитот на алијансата на цивилизациите на Обединетите нации, што на крајот на април ќе се одржи во Баку, соопшти Кабинетот на Иванов за неговата работна посета на Азербејџан.
Ново на Сител
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци