Балкан
21. July 2016 - 18:47

Иванишевиќ: По балканската маршрута годинава поминале 102.000 мигранти

Од почетокот на годината по балканската маршрута поминале 102.000 луѓе, што значи дека истата не е затворена, изјави денеска државниот секретар во српското Министерство за труд Ненад Иванишевиќ.

Тој наведе дека Србија очекува материјална помош од Европа.

- Би сакале по истекување на рокот за помош од Европска унија во септември, помош да пристигнува од сите донатори, посочи Иванишевиќ.

Тој додаде дека во моментот на граничните пунктови Хоргош и Келебија на српско-унгарската граница има од 1.050 до 1.100 мигранти, а во прифатниот центар во Суботица околу 450 мигранти.