Итните реформи од извештајот на Прибе на собраниски комисии
Шест собраниски комисии денеска и утре ќе ја разгледуваат Листата на итни реформски приоритети кои произлегуваат и препораките од извештајот на групата на ЕК што ја предводеше, поранешниот директор во Комисијата Рејнхард Прибе.
Закажани се седници со единствена точка на дневниот ред Разгледување на Листата на итни реформски приоритети за Република Македонија од Европската Комисија и Препораките од групата на високи експерти за системските прашања за владеење на правото кои се однесуваат на следењето на комуникациите објавени пролетта 2015 година, во делот В. независни регулаторни, контролни и надзорни тела
Комисиите за труд и социјална политика и за економски прашања седници со оваа точка на дневниот ред ќе одржат денеска, додека утре, како што стои на собраниската веб - страница, комисиите за финансирање и буџет, за прашања на изборите и именувањата, за политички систем и односи меѓу заедниците и за транспорт, врски и екологија.
Во делот В, којшто се однесува на независни регулаторни, контролни и надзорни тела, се посочуваат неколку потточки.
- Да се осигури задоволителна автономија на независните регулаторни, контролни и надзорни тела, не само теоретски туку и во пракса, со цел тие да делуваат ефективно и без политички притисок. Ова бара не само проактивни напори од самите тела, но и политичка волја на сите други чинители да им дозволат да ги извршуваат нивните функции како што е предвидено со закон, вклучително и преку доделување на доволно финансиски средства. Да се осигури дека членството во независни регулаторни тела се заснова на професионални способности, професионално искуство соодветно за областа и компаративна предност при изборот/именувањето. Да се осигури дека препораките на Канцеларијата на Народниот правобранител и другите советодавни тела се следат од страна на сите државни органи со целосно почитување на законот и принципот на отчетност. Да се осигурат ефикасни законски санкции за неисполнување на барањата и препораките на независните тела. Да се осигури дека Канцеларијата на Народниот правобранител е уредена целосно во согласност со Париските принципи, стои во Листата на итни реформски приоритети.
Во Препораките, меѓудругото, се наведува дека: „Основните стандарди на демократски владеење мора да се исполнат. Конструктивен политички дијалог помеѓу владата и опозицијата и покрај сите политички разлики е неопходен за соодветното функционирање на парламентарната демократија. Местото на секоја избрана партија е во Собранието“. Исто така се посочува дека телата одговорни за надзор и контрола особено не треба да одбегнуваат, и никако не треба да се спречуваат од, слободно извршување на нивните овластувања без несоодветно „политичко само-воздржување“.
Разгледувањето на листата на реформи и на Препораките следи по последната координација на пратеничките групи во Собранието во петокот на која присуствуваа вицепремиерот Фатмир Бесими и министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Секретаријатот за европски прашања (СЕП) до Собранието ги испрати Итните реформски приоритети за Република Македонија (Јуни 2015) и Препораките од групата на високи експерти за системските прашања за владеење на правото кои се однесуваат на следењето на комуникациите објавени пролетта 2015 година. Итните реформски приоритети се во областите владеење на правото и фундаментални права, деполитизација на јавната администрација, слобода на изразување и изборна реформа.
Ново на Сител
-
Мицкоски по повод 11 Октомври: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме
-
За една седмица 613 хоспитализирани и 17 починати од Ковид-19 во Грција
-
Сиљановска Давкова по повод 11 Октомври: Да се обединиме во заедничката борба за просперитетна европска држава и за праведно македонско општество
-
Ден на народното востание
-
Врачување на државната награда „11 Октомври“
-
За време на продолжениот викенд автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Во израелските воздушни напади врз Бејрут загинаа најмалку 22 лица
-
Хутите нападнаа бродови во Црвено Море и во Индиски Океан