Итната медицинска помош за новогодишните празници ќе работи 24 часа
Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување за време на новогодишните празници во текот на 24 часа ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните, соопшти ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.
На новогодишната ноќ достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во Поликлиниките „Јане Сандански“, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. Исто така, со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.
Поради претстојните прослави на новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош препорачува хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија, граѓаните кои постат по повод Божик да внимаваат со внесувањето храна по завршувањето на постот, умерено да се користат алкохолни пијалоци за да се избегнаат несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди…Посебно се апелира младата и малолетна популација да не консумира алкохолни пијалоци поради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, да се воздржат од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување несакани повреди, изгореници и други потешки последици.
Од Здравствен дом – Скопје изразуваат надеж дека граѓаните беспрекорно ќе ги почитуваат и ќе се придржуваат кон дадените препораки со цел новогодишните празници сите да ги поминеме во весело и пријатно расположение.
Ново на Сител
-
АХВ: Превентивно затворена сендвичарница во скопски Аеродром
-
Владата со препораки за топлотниот бран
-
На Табановце во функција сите сообраќајни ленти, полицијата презема мерки времето на поминување да се сведе на минимум
-
Ослободен од обвинение полицискиот инспектор обвинет за смртта на мигрантка
-
Од полноќ поевтин мазутот, бензините со непроменета цена
-
ЗНАМ ги утврди кандидатите за двајца заменици министри во Владата
-
Неготино со апел до сите што сакаат да помогнат во гаснење на пожарот да се пријават во Општината
-
Именувани неколку нови директори на клиниките