Итната медицинска помош за новогодишните празници ќе работи 24 часа
Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување за време на новогодишните празници во текот на 24 часа ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните, соопшти ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.
На новогодишната ноќ достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во Поликлиниките „Јане Сандански“, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. Исто така, со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.
Поради претстојните прослави на новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош препорачува хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија, граѓаните кои постат по повод Божик да внимаваат со внесувањето храна по завршувањето на постот, умерено да се користат алкохолни пијалоци за да се избегнаат несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди…Посебно се апелира младата и малолетна популација да не консумира алкохолни пијалоци поради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, да се воздржат од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување несакани повреди, изгореници и други потешки последици.
Од Здравствен дом – Скопје изразуваат надеж дека граѓаните беспрекорно ќе ги почитуваат и ќе се придржуваат кон дадените препораки со цел новогодишните празници сите да ги поминеме во весело и пријатно расположение.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Обединетото Кралство, Лосон
-
Позиција на МНР за Заедничката изјава од Литванија во Советот за човекови права на Обединетите нации
-
Филипче на прва координација со пратеничката група на СДСМ
-
Кавадарчанец силувал 26-годишна девојка
-
Вучиќ: Зголемени дејствија на авиони и беспилотни летала со извидувачки намери кон Србија
-
Се тепале татко и син во Куманово, употребен е и нож
-
Загина 35-годишник во сообраќајка на автопатот кон преминот „Богородица“
-
Приватните автобуси до петок ќе возат само до 10 часот наутро