Итната медицинска помош при Здравствен дом Кочани има потреба од лекари
Во Итната медицинска помош при Здравствениот дом во Кочани работат осум екипи составени од лекар, медицинска сестра и возач. Пет екипи работат 24 часа, една работи како рурален доктор, а две докторки не одат на дежурство.
- Бројот на екипите може во иднина да ни се намали поради постојано мигрирање на медицинскиот кадар надвор од земјата или во друга здравствена организација, изјави д-р Иван Спанчевски, директор на Здравствен дом Кочани.
Посочи дека годинава Здравствен дом Кочани има буџет од 26,5 милиони денари, што, според него, не е доволен за сите активности на установата, но и на екипите на Итната медицинска помош.
- Ние се трудиме во рамките на нашите можности да ги опслужиме граѓаните, но тоа е се потешко, бидејќи се повеќе нашите екипи вршат услуги и на Општата болница, бидејќи и таму се соочуваат со истиот проблем. Затоа поголем дел од пациентите ги препраќаме за Скопје, рече Спанчевски.
Додаде дека се прави одредена преструктурираност на екипите и се активира соработката со Општата болница во Кочани, со цел зачувување на постоечките или вработување на нови екипи.
Ново на Сител
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава