Итен состанок во АЕК за состојбите со „WannaCry“ рансомвер компјутерскиот напад
Во Агенцијата за електронски комуникации денеска се одржа итен состанок на министерката Марта Арсовска – Томовска, директорот на АЕК Сашо Димитријоски и службени лица од Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти МКД-ЦИРТ, во врска со состојбите со „WannaCry“ рансомвер компјутерскиот напад и препораки за граѓаните, компаниите и државните институции.
На состанокот, како што соопшти МИОА, била анализирана моменталната состојба во Република Македонија во врска со актуелниот рансомвер компјутерски напад, при што беше констатирано дека во МКД-ЦИРТ до сега нема пријавен случај на инфициран компјутер или сервер.
- Сепак, се уште постои висок ризик од зараза кај компјутерите со постари оперативни системи (XP, Vista и Windows 8), а особено кај нелегални инсталации кои и самите во најголем број случаи содржат малициозен софтвер кој може подоцна да се искористи за сајбер напади. Инфекцијата со овој рансомвер се манифестира преку шифрирање на документите на компјутерот од корисникот. Во овој момент не постои можност за бесплатно дешифрирање на заразените компјутери, а со плаќањето на откуп не се гарантира дешифрирањето на документите, се наведува во соопштението.
На состанокот службените лица од МКД-ЦИРТ информирале дека уште во саботата на специјалната веб страна https://mkd-cirt.mk и на Twitter профилот на www.twitter.com/mkd-cirt, објавија препораки за начинот на заштита на компјутерите и инсталации на надградбите и потребните закрпи.
- Во општите препораки се посочува за компјутери со OS Windows 10 - Инсталација на надградбата објавена од страна на Microsoft под име MS17-010. https://technet.microsoft.com/
Во општите препораки се додава дека за корисниците чии компјутери се инфицирани со овој или друг вид на рансомвер проверка дали за тој тип рансомвер постои бесплатно дешифрирање, на веб страницата https://www.nomoreransom.org/, користење на лиценциран оперативен систем и внимателно работење на интернет.
На состанокот билодоговорено MKD-CIRT на својата веб страна да продолжи редовно да објавува информации за актуелните закани и препораки за нивно надминување.
- MKD-CIRT денеска ќе прати електроско упатство до сите државни институции. Дополнително MKD-CIRT информира дека преку воспоставениот систем за пријава на инциденти, секоја институција, компанија или граѓанин може да се обрати и да побара помош, се наведува во соопштението од МИОА.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари